Три начини ДВОЈНО да ги намалите сметките за греење, а Вашиот дом да остане топол

Греењето во текот на зимата е клучната работа за која размислуваме.

Губењето на топлинска енергија во зимските денови може да има повеќекратни штети – освен што становите ќе бидат ладни и непријатни за престој, џебовите ќе ни бидат празни бидејќи ќе трошиме многу ако ја користиме топлинската енергија нерационално.

Ви пренесуваме три едноставни методи за заштеда на топлинска енергија.

Проветрувајте ја просторијата на 10 минути

Ако редовно ја проветрувате просторијата најмногу 10 минути, ќе ја заштедите насобраната топлина во ѕидовите и мебелот, па по проветрувањето просторот наскоро ќе биде топол како порано. Во никој случај не е препорачливо да ја регулирате собната температура со отворање на прозорецот.

За да заштедите енергија во зима, не е добро да го оставите прозорецот отворен на „работ“. На тој начин се ладат само деловите од ѕидовите до прозорецот, па може да се појават и габи поради кондензација на влагата од воздухот на студените површини.

Разместете го мебелот во домот

Поместете го мебелот подалеку од студените надворешни ѕидови и ставете го во близина на извори на топлина, како што се камини. Исто така, оддалечете го мебелот што е можно повеќе од радијаторот за да не го блокирате протокот на топол воздух.

Радијаторите не смеат да бидат затскриени со завеси и мебел. Со сушење на алиштата на радијаторот практично го прекинувате греењето.

Грижете се за ролетните и завесите

Спуштете ги ролетните и повлечете ги завесите за да ја намалите загубата на топлина. Ролетните можат да ја намалат загубата на топлина до 10 проценти.

Ако сонцето се појави во текот на зимата, отворете ги завесите на прозорците за да можат неговите зраци да влезат внатре и да го загреат стаклото на прозорците, што исто така ќе ја зголеми температурата во станот.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...