Обичаи и верувања на Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден, празник на радоста и љубовта кој се почитува уште од античко време!




На 2 јуни 2022 година, православните верници го слават Спасовден, празник посветен на Христовото Вознесение. Се слави секоја година 40 дена по Велигден, секогаш во четврток.
Празникот е поврзан со настанот од Новиот завет кога Исус Христос повторно им се јавил на учениците и им порачал да го проповедаат Евангелието низ светот. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици.




Ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обесил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила.
Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец.




На местото пак, каде што стоел останала длабнатина од неговите стапала.
Различни обичаи и верувања се поврзани со овој ден уште од античко време.
На овој ден нашите предци избегнувале тешка физичка работа, а денот повеќе го посветувале на духовен развој, молитви и празнување. Стар обичај што постоел е да се плете крст од гранчиња од леска, кој е главниот симбол на празникот.




Тој крст се поставувал пред куќата, во дворови, ниви, ливади за заштита, радост и бериќет. Се практикувало овие крстови да се чуваат цела година, а потоа на следниот Спасовден се плетеле други.
Верниците го слават празникот со одење во црква на утринската Литургија, а бидејќи Спасовден е слава на градот Белград, низ градот се организираат литургии.




Се верува дека за среќа треба да се јадат јагоди на Спасовден, а овој ден е поврзан и со обичајот да се подготвува богата семејна трпеза за која семејството се собира, слави и поминува време заедно.
Некогаш постоел обичај да се подготвува цицвара за празникот Спасовден. Интересно е верувањето дека на Спасовден не треба да спиеме преку ден, бидејќи се верува дека може да бидеме поспани цела година.




Покрај разните обичаи, најважно за празникот е духовното развивање и величањето на доблестите како верата, надежта и љубовта.


