Во Русија со векови во зима мора да јадат цвекло, за кое е докажано дека е вистинска витаминска бомба. Цвеклото е еден од најдобрите природни онкопротектори.




Содржи бетаин – активна супстанција која го запира развојот на одредени видови тумори. Врз основа на сокот од цвекло, синтетизиран е антиканцерогениот препарат антозим, кој ја покажа својата ефикасност во лекувањето на пациентите по терапија со зрачење.
Идеалната доза е 200 грама цвекло на ден. Сокот од суровото цвекло најчесто се користи за лекување на тумори на белите дробови, желудникот и мочниот меур.




Покрај тоа, на пациентите им се препорачува да консумираат најмалку 200 грама варено цвекло дневно. Меѓутоа, за правење на лекови и јадења во текот на третманот не смее да се користи прскан и модифициран зеленчук кој е одгледуван во наѓубрена почва.
Колку да се пие?
На почетокот на третманот земајте само една лажичка сок неколку пати на ден.




Постепено зголемувајте ја дозата, но не претерувајте. Максималната количина на сок што можете да ја пиете во текот на денот е 600 ml.
Рецепт за сок
Излупеното сурово цвекло изрендајте го и исцедете го сокот преку газа. Оставете го напитокот да отстои 2 часа во фрижидер, па дури потоа можете да го консумирате.




Инаку, се препорачува да земате 100 мл сок пет пати на ден половина час пред јадење и уште 100 мл навечер. Третманот трае најмалку една година.
Бидејќи чистиот сок од цвекло е тешко сварлив, можете да го измешате со исцеден сок од морков. Сокот од цвекло не се препорачува за дијабетес, остеопороза, низок крвен притисок и болести на цревата.




Рецепт за квасец од цвекло
Измешајте едно рендано цвекло со четири лажици трошки од ‘ржан леб. Додадете малку шеќер и прелијте со два литра млака и зовриена вода.
Истурете го напитокот во стаклена тегла, покријте и оставете 2-3 дена на топло место. Откако ќе заврши ферментацијата, процедете го и изладете го квасецот.






