20 ДЕНА СЕКОЈА ВЕЧЕР ЈАДЕВ ТИКВА: Убедена сум дека токму оваа вечера ми го подобри здравјето

Тиквата ја печев во рерна, а потоа и додадов или младо сирење или малку мед. Ваквата вечера ме оживеа

Неодамна прочитав колку е здрава тиквата, а содржи голем број на витамини и минерали кои благотворно делуваат на организмот.

Бидејќи сум голем љубител на тиква, решив да направам мал експеримент: 20 дена ќе јадам тиква за вечера – секоја вечер. Не ни сонував дека првите позитивни резултати ќе дојдат толку брзо.

Тиквата ја печев во рерна така што прво ја излупив, па ја исечкав на коцки, ја ставив на фолија и ја испеков. Некогаш додавав младо сирење, а понекогаш само малку мед.

Убедена сум дека тиквата го подобри моето здравје на овие начини:

За 20 дена јас:

Се ослободив од 3 килограми кои секогаш ми беа „вишок“. Тоа е затоа што тиквата содржи голема количина на влакна, кои го заситуваат телото и го имате тоа прекрасно чувство на ситост во стомакот долго време.

Самата тиква е нискокалорична, па таквата вечера не ја расипува фигурата. Имајќи предвид дека не јадев леб за вечера, можно е тоа многу да придонесе за слабеење.

Кожата на лицето ми се затегна и блескаше. За тоа очигледно придонесе тиквата која го чисти телото од отрови и разни токсини, а нашето лице само го отсликува она што се случува во нашето тело.

Дигестијата ми се подобри, што значи дека столицата се нормализира. Овие проблеми порано многу ме мачеа, но тиквата изгледа ги реши.

Изгледа дека тиквата ми го подобри и видот. Тоа е бидејќи работам на компјутер и имам проблеми со „заматен“ вид. Но, откако почнав да јадам тиква, не ги почувствував тие проблеми.

Поради сите овие придобивки, решив оваа есен да ја вклучам тиквата во менито што е можно повеќе. Веќе најдов неколку рецепти кои со задоволство ќе ги споделам со вас:

Крем супа од тиква:

Потребни ви се: 1 кромид, 2 чешниња лук, 1 морков, 1 компир, половина килограм исчистена тиква, вода, зачини.

Подготовка: Кромидот и лукот издинстајте ги на малку масло, а потоа додадете го остатокот од зеленчукот. Истурете вода и оставете да се вари околу половина час. Потоа со миксер со стапче изблендирајте го зеленчукот претворајќи го во пире. Додадете зачини и послужете!

Рижото со тиква:

Потребни ви се: 1 шолја ориз, 1 шолја исчистена тиква исечена на коцки, 2 шолји пилешка супа (или вода), 1 мал кромид, 1 чешне лук, 1 голем морков исечен на коцки, 1 шолја слатка пченка; 2 лажици маслиново масло; малку сол, бибер, куркума.

Подготовка: На масло пропржете го кромидот и лукот, па додадете ги морковот, тиквата и слатката пченка. Додадете малку вода и динстајте. Потоа додадете го оризот и зачините. Промешајте. Истурете ја пилешката супа или вода и оставете ја да зоврие. По околу 10 минути тргнете го од оган.

Шпагети со тиква:

Потребни ви се: пар ливчиња жалфија, половина килограм исчистена тиква, 2 чешниња лук, малку сол, бибер, куркума, вода, масло и шпагети.

Подготовка: На масло се пропржува жалфија, па се додава тиквата исечкана на коцки. Потоа додадете малку лук. Истурете вода и оставете ја тиквата да се готви околу 20 минути.

Кога ќе се свари додадете зачини и од него направете пире. Потоа сварете ги шпагетите и на нив додадете го преливот од тиква. Уживајте!

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...