Куркумата е зачин за кој бројни истражувања покажуваат дека благотворно делува на здравјето – ви пренесуваме 3 рецепти во кои овој зачин е главна ѕвезда! Куркумата е водечко растение во ајурведската медицина со векови и е многу повеќе од ароматичен зачин.




Чудесниот корен кој ни го дала природата се користи за детоксикација, зајакнување на имунитетот, содржи витамини и минерали, ја чисти крвта и има антиинфламаторни или антивоспалителни својства.
Исто така, според истражувањата, куркумата позитивно влијае на општата рамнотежа во организмот, благотворно делува на менталното здравје и го подобрува здравјето на цревата.




На нашите простори куркумата најчесто се користи во прав како додаток во јадењата, но многумина ја користат во рецептот за златно млеко и за подготовка на лековити тинктури.
Ви откриваме уште 3 одлични и едноставни начини на кои можете да ја користите куркумата во вашата исхрана:




1) Пијалок од куркума
Измешајте сок од половина лимон, 1/4 лажичка куркума во прав, прстофат морска сол и 350 ml вода. Промешајте сè и консумирајте пред јадење.
2) Супа од куркума
Во 1л органска супа од зеленчук додадете 1 рамна лажичка куркума. Гответе околу 15 минути, а потоа додадете малку црн пипер и магдонос. Послужете и уживајте во интензивниот вкус на полно здравје.




3) Смути од куркума
Во блендерот истурете 2 лажици кокосови снегулки, замрзнато манго или ананас (1 и пол шолја), половина шолја бадемово или кокосово млеко, 1 лажичка куркума во прав, 1 лажичка чиа семе и прстофат црн пипер.
Промешајте ги сите состојки додека не добиете еднолична смеса и уживајте во сладок пијалок полн со хранливи материи. Покрај овие рецепти, можете да направите познат лек од куркума и мед кој се зема секое утро како природен антибиотик.




Куркумата не е само магичен прав на здравјето, туку и на убавината, па според традиционалниот индиски рецепт од неа можете да направите маска за коса, маска за лице или пилинг.


