Ви предлагаме 3 вежби за дишење против стрес и грижи – кои ќе ве опуштат за само 5 минути!




Во денешниот зафатен свет, честопати се соочуваме со секојдневен стрес. Во морето обврски, задачи, трки со време и амбиции, треба да одвоите време за себе, да направите нешто добро за вашиот ум и тело.
Кога имате напорен ден и сте загрижени, пробајте докажана техника на дишење. Вежбите за дишење најчесто се користат во јога, но можете да ги направите и сами.
Одлично е што можете да ги направите насекаде, дури и на работа кога чувствувате потреба.




Секое вдишување и издишување, доколку се изведе на вистински начин, може да биде тој магичен вентил што ќе ги ублажи симптомите на стрес и вознемиреност и ќе разбуди мир во вас.
Ви носиме 3 ефективни вежби за дишење кои нема да ви одземат повеќе од 5 минути, а ќе влијаат позитивно врз менталното здравје.
Премотајте го следното видео до 3:10 и вежбајте дишење, ослободувајќи со секое издишување негативното и непотребното што ја оптоварува вашата душа.






