6 пијалоци кои го заменуваат кафето – ќе ве разбудат, ќе ви ја зголемат енергијата, без кофеински шок!




Колку и да се сака, кафето често има несакани нуспојави како дигестивни проблеми, срцебиење, висок крвен притисок, анксиозност, несоница…
Претераното пиење кафе доведува до крах на кофеинот – еден вид маѓепсан круг во кој привременото зголемување на енергијата е проследено со пад проследено со замор,главоболка и нервоза.




Од друга страна, постојат голем број на вкусни замени за кафето кои овозможуваат чувство на возбуда и будност, слично на она по пиење кафе, но без несакани ефекти.
1. Најценетата традиционална алтернатива на кафето е напитокот направен од мелен корен од цикорија, лековито растение кое го чисти и зајакнува телото, а во исто време благотворно делува на дигестивниот систем и мочниот меур. Цикоријата има вкус сличен на кафето, но не содржи кофеин.




Традиционалните алтернативи без кофеин се и оние кои се базираат на пржени зрна како јачмен, овес и ‘рж, кои често се збогатени со цикорија. Таканареченото житарско кафе се нуди и во верзии без глутен.
2. Суровото какао во прав, богато со антиоксиданси, минерали и аминокиселини важни за нормалното функционирање на телото и менталната бистрина, се препорачува како замена за кафето.




3. Прашокот од корен од мака, древно јужноамериканско суперрастение за издржливост и виталност, се почесто се користи наместо кафе. Мака се смета за уникатна бомба од витамин Ц и широк спектар на минерали, протеини и амино киселини.
Особено како замена за кафето е популарна мешавина наречена макачино, во која маката е збогатена со какао и природен шеќер како кокосот.




Иако маката е многу пофалена, не треба да се претерува – доволно е да ставите мала количина прашок во вода, сок или смути, следејќи ги упатствата на производителот.
4. Гуарана бобинки, уште едно јужноамериканско растение со култен статус како подигач на организмот. Содржи активна состојка гуаранин, која е речиси идентична со кофеинот, но многу побавно се апсорбира во крвотокот, па овозможува подолго и подеднакво чувство на издигнување енергија.




5. Како замена за кафе, често се препорачува висококвалитетен зелен чај, кој навистина содржи кофеин, но во значително помала количина од кафето. Дополнителен плус е тоа што кофеинот од зелениот чај полесно се разградува во организмот.
6. Чаевите направени од ѓумбир, нане и корен од глуварче, имаат стимулирачки ефект и се без кофеин. Покрај тоа што тие пијалоци даваат чувство на свежина и бистрина, тие се корисни за подобро варење и подобар имунитет.



