Понекогаш се чини дека правилно се грижиме за кожата на лицето, но излегува дека пропуштаме некои многу важни чекори, кои на прв поглед не се ништо посебно, но всушност можат да обезбедат радикална промена на подобро. Денес ќе ви откриеме некои паметни навики кои треба да ги стекнете доколку сакате чиста и здрава кожа без мозолчиња и иритации.
1. Чистете го екранот на телефонот редовно – докажано е дека има ужасно многу бактерии, кои во допир со нежната кожа на образите создаваат проблеми.
2. Пијте повеќе вода – непотребно е да кажуваме дека хидратацијата е многу важна.
3. Капете се со млака вода – топлата вода предизвикува брчки и ја суши кожата уште повеќе.
4. Внимавајте што јадете – јадете балансирана исхрана, избегнувајте шеќер и мрсна храна, бидејќи тие се едни од главните причини за појава на мозолчиња.
5. Редовно чистете ги четките за шминка – тие задржуваат многу бактерии, кои потоа паѓаат директно на вашата кожа.
6. Обрнете внимание на знаците – понекогаш кожата на лицето може да даде сигнал за некој друг внатрешен проблем на телото.
7. Не претерувајте со пилингот – прекумерната употреба може да има спротивен ефект.
8. Искапете се веднаш после тренингот – тогаш порите се отворени и полесно ќе ја исчистите кожата.
9. Ставете крем на лицето пред да пливате во базенот – на овој начин ќе се заштитите од сушење и од сите хемикалии во водата.


