Со редовна употреба, кожата ќе стане поеластична, поотпорна и младешка…




Алое вера е растение кое има чудесни ефекти на кожата на лицето. Гелот од ова растение ги лекува речиси сите кожни болести. Успешно се бори со акните, ги брише и најдлабоките брчки, флеки и го враќа сјајот и свежината на лицето.
Гелот се наоѓа во месестите листови, а тој е состав на многу креми и козметика. Сепак, најдобри ефекти ќе имате доколку гелот го користите директно од растението.




Иако не е карактеристично за нашата клима, алое вера може успешно да се одгледува во секој дом.
Алое вера содржи 75 состојки, а повеќето од нив се неопходни за нашето лице. Гелот содржи витамини, минерали, шеќери, салицилна киселина, состојки кои ја чистат кожата, ензими кои третираат воспаленија на кожата, шеќери, состојки кои се наменети за зараснување на рани.




Што се однесува до витамините, гелот од алое содржи витамини А, Б, Ц, Е, Б12. Исто така, има способност да го стимулира производството на колаген.
Доколку сакате да ги ублажите брчките и да спречите предвремено стареење на кожата, користете ја оваа маска еднаш неделно. Ќе ви требаат следниве состојки:




- Гел од алое вера
- Мед
Добро измешајте ги состојките и нанесете на исчистено лице. Оставете да делува околу половина час и потоа исплакнете. Со редовна употреба, ќе ги забележите првите резултати.






