Чајот од ловоров лист и уште 2 состојки – одличен за имунитет, помага при настинки и ја излечува кашлицата! Еве го рецептот…




Старите природни лекови се најдобрата форма за превенција, а она што ни го дала природата навистина може да биде чудесно за нашиот организам. Преминот од есен во зима често доведува до настинки, кашлица, течење на носот и имунитетот станува послаб.
За да го заштитите вашето тело, пробајте го стариот лек на нашите баби, чај од само 3 состојки. Овој чај е одличен природен лек за ублажување на кашлицата, а важно е да го пиете додека е уште топол.




Можно е главните состојки веќе да ги имате во кујната, а се подготвува лесно и брзо. Ако му додадете мед, ќе добиете и одличен вкус.
Состојки:
- 3 ловорови листови (суви или свежи)
- 1/4 лажичка цимет
- 1 / лимон




Подготовка:
Ловоровите листови ситно исечкајте ги, па прелијте ги со 300 мл зовриена вода. Оставете да отстои околу 15 минути, а потоа исцедете сок од половина лимон и додадете цимет.
Промешајте и засладете со малку мед по желба. Помага во ублажување на кашлицата, а одличен е и за имунитет.




Напомена: Чајот може да биде силен за желудникот, па затоа се препорачува една шолја дневно.


