Прекумерната употреба на антибиотици може да има негативни последици по организмот, па решението лежи во употребата на природни антибиотици.




Камилицата одамна е позната како лек за многу тегоби и заболувања. Тоа е едно од најраспространетите и најстарите народни лековити растенија.
Се користи за болести на респираторниот систем, дигестивни нарушувања, генитоуринарниот и нервниот систем. Можеме да кажеме дека камилицата се препорачува за секоја болест.




Придонесува за подобрување на заштитните функции на леукоцитите, го забрзува процесот на закрепнување и дава седативно дејство. Содржи есенцијални масла, апигенин, умбелиферон, салицилна киселина, фитостерол, гликозидни материи, хлорогена киселина, витамин Б1 и Ц, минерали и матрикс.
Најлековитиот дел од растението е цветот, кој содржи етерични масла кои му даваат карактеристичен и пријатен мирис. Има исклучително широка примена, дел е од многу препарати во козметиката и фармацијата и помага при голем број на различни болести.




Чај од камилица
Чајот од камилица делува смирувачки и лековито врз целиот организам, погоден е и за надворешна и за внатрешна употреба.
Некои од проблемите на кои благотворно делува се стомачни проблеми како што се грчеви и чиреви, помага во одржување на нивото на шеќер во крвта, има антибактериско и антиинфламаторно дејство, делува смирувачки на нервниот систем и ја ублажува нервозата и несоницата.




Освен како пијалок, овој напиток може да се користи и за вдишување и ублажување на последиците од настинка и алергиски ринитис или како течност за плакнење на очите, устата или грлото.
Камилицата промовира регенерација на кожата, па затоа може да се користи за смирување на иритираната и оштетена кожа, без разлика дали се работи за рани, акни или изгореници од сонце.




Исто така го смирува скалпот и го ублажува проблемот со првутот. Ако сте љубител на топли купки, следниот пат додадете камилица и вашата кожа ќе биде благодарна.


