Пилингот е вистински празник за кожата – ја чисти и измазнува, стимулирајќи ја циркулацијата на крвта. Денес, Ви нудиме неколку многу лесни и пријатни техники за правење домашен пилинг за тело.
Избравме неколку рецепти, и барем еден од нив сигурно ќе изгледа погоден за Вас. Ве советуваме да пробате некоја од техниките и сами да се уверите во нејзините добри квалитети.
Сите овие производи се мешаат заедно во соодветен неметален сад и се нанесуваат на телото под туш, и откако ќе ја масирате кожата некое време, темелно измијте со вода.
Пилинг со брашно– 2 лажици брашно, 2 штипки куркума, ½ лажица маслиново / бадемово масло. Може да се користи за сите типови кожа.
Пилинг со шеќер– 2 лажици шеќер, 2 лажици маслиново масло. Шеќерниот пилинг не треба да се користи во проблематични области и треба да се нанесува со нежни движења.
Пилинг со овесна каша и ванила – Овесна каша, зелен чај, маслиново масло, ванила, шеќер. Се меша доволно количество за да направите пилинг на целото тело.
Пилинг со пченични трици – 2 лажици пченични трици, 2 лажици овесна каша, 2 лажици пченкарно брашно. Се меша со вода.
Пилинг со морска сол – 2 чаши морска сол, 1 чаша бадемово масло, 10-30 капки аромат по Ваш избор. Може да се чува во тегла.
Пилинг со цимет – 1 чаша морска сол, ½ лажица ѓумбир, ½ лажица цимет, 1 чаша маслиново масло или бадемово масло. Се користи пред или за време на капењето.
Пилинг со кафеав шеќер – Чаша кафеав шеќер, ½ чаша овесна каша, ¼ чаша мед, ароматично масло (јојоба, кокос, кајсија, бадемово или маслиново масло).
Антицелулитен пилинг за тело– ½ шолја свежо мелено кафе, ½ чаша морска сол, чаша кафеав шеќер, ½ чаша бадемово масло, чаша бадемов аромат (или друг). Нанесете со масажни кружни движења на проблематичните области и оставете да делува 10 минути пред да се измиете.
Чоколаден пилинг– 3 лажици какао во прав, 1 чаша кафеав шеќер, ½ чаша кокосово масло, 1 лажица ванила. Се нанесува со движења на масажа по целото тело.
Пилинг со јагоди– 2/3 чаша шеќер, 2 мелени јагоди, 6-8 капки масло од роза (или јојоба). За време на зимската сезона, тешко дека ќе можете да го подготвите, но ние сепак ја споделуваме техниката со вас.


