Рецепт за маска за лице со спирулина – алга која подмладува, брише брчки и го забавува стареењето!




Микроалгата спирулина е позната многу години по своите неверојатни својства. Ја стимулира регенерацијата на кожата, го забавува стареењето, ја подобрува циркулацијата на крвта и генерално има лековито дејство врз клетките.
Се смета дека е исклучително ефикасна во борбата против брчките, поради што често можеме да ја најдеме во некои козметички производи. Ви пренесуваме рецепт за маска која подмладува и го забавува стареењето, а во која главна улога има спирулината.




За да ја подготвите маската, потребни ви се следниве состојки:
- 2 лажички желатин
- 1 лажичка спирулина во прав
- 1/2 лажичка сок од лимон
- 2 капки витамин А




Желатинот прелијте го со 1/4 чаша топла зовриена вода, оставете го да отстои околу 30 минути додека не набабри. Спирулината во прав прелијте го со 2 лажици вода, измешајте додека не добиете еднолична смеса и додадете сок од лимон и капки витамин А.
Се меша со желатинот и се нанесува на лицето, избегнувајќи ги усните и очите. Оставете ја маската на лицето околу 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.




Користете ја маската најмалку еднаш неделно за да ги ублажите и спречите брчките.
Напомена: Доколку имате проблематична кожа, консултирајте се со дерматолог пред да ја користите маската.


