Негата на женските раце е една од најважните работи и секогаш треба да се грижиме за тоа како се негуваат




Рацете се лична карта на жената. Колку пати сте слушнале за оваа изрека? Но, признајте дека е вистина. Имено, женските раце знаат да „страдаат“ повеќе од машките.
Изложени на вода, детергенти и други хемикалии, што предизвикува кожата на нив да се исуши и пука. Старечките дамки може да се појават поради недостаток на соодветна грижа и заштита од сонце.




Мајка ми има процедура која и помага да ги елиминира старечките дамки и да ги подмлади рацете:
Прво, растворете 2 лажици сол во литар топла вода. Потоа држете ги рацете во овој раствор околу 10 минути. Пред тоа, подгответе маска од 1 жолчка од јајце, 1 лажица мед, 1 лажица растително масло (маслиново, кокосово, сончогледово).




Откако ќе ги натопите рацете во солена вода, без бришење и плакнење рацете намачкајте ги со маската што претходно ја подготвивте. По 20 минути, измијте ги рацете со топла вода.
Ефектот е фантастичен: кожата станува мека, еластична, без старечки дамки и пукнатини. Со оваа маска рацете може да се обноват за 3 до 4 дена.






