Не трошете многу пари за скапи третмани и уште поскапи креми за лице. Со се повеќе современите методи на лекување, се повеќе се враќаме во минатото и се стремиме да користиме домашни, докажани препарати според рецептите на нашите предци.




Ова е точно случај со препаратите за нега и убавина на лицето во кои немаме вештачки состојки. Наместо да потрошите голема сума пари за скапи препарати, можете да направите ефикасен лосион од природни состојки, според грчки рецепт стар 2000 години.
Овој крем е фантастичен за нега на кожата на лицето, но исто така е ефикасно средство за отстранување на шминката.
Состојки за подготовка на кремот:
- 1 лажица мед
- 8 лажици рендан пчелин восок
- 200 милилитри бадемово масло
- половина чаша вода од рози




Постапка за подготовка на кремот:
Топете го медот, восокот и бадемовото масло на тивок оган. Кога се е добро стопено, тргнете ја смесата од оган и оставете да се излади, но не целосно. Додадете ја водата од рози во смесата капка по капка, мешајќи постојано.
Кога лосионот е добро измешан, истурете го во стаклени тегли, кои ќе ги затворите само кога препаратот целосно ќе се излади. Овој крем е фантастичен за нега на кожата на лицето, но и ефикасно средство за отстранување на шминката.


