Чистењето на рерната може да биде напорна и долга работа, но со овој трик ќе го скратите времето за чистење.




На социјалната мрежа „ТикТок“ се појави трик за чистење на решетките од рерната кои лесно и често можат да се извалкаат. Еден корисник на споменатата социјална мрежа во кратко видео покажа како го мие овој дел од шпоретот.
Прво, го наполни мијалникот со вода, стави две таблети за машина за миење садови внатре и ги стави внатре и мрсните решетки. Таблетите успеваат да ги отстранат сите дамки од маснотии и храна од решетките, па после тоа не морате да ги чистите со голем напор.




Таблетите за машини за миење садови содржат фосфати кои ги отстрануваат наслагите од храната, потоа ензими кои ги отстрануваат маслата и мастите со ослободување на протеини и пептиди, како и белило што ги растворува преостанатите наслаги од храна и дополнително чисти.
Ако решетките не можат да се вклопат во вашиот мијалник, тогаш наполнете ја кадата и потопете ги на ист начин. Пробајте и уверете се во резултатот!




@carolina.mccauley 🌸 How to easily clean your stovetop grates ✨ #cleaningtips #cleaninghacks #homehacks #homehackswithcarolina


