Како резултат на зголемувањето на денот, мелатонинот се намалува, а серотонинот исто така се исцрпува.




Со други зборови – ништо не ви се прави, наутро повеќе ви се спие, а не можете да спиете и се чувствувате како низ вас да „поминал товарен воз“. Сепак, во природата постојат билки кои можат да ви помогнат во оваа ситуација, во продолжение прочитајте повеќе за нив.
Три природни лекови за пролетен умор
Спанаќ – Се верува дека татковината на спанаќот е Персија, а постојат и докази за неговото одгледување. Убавата работа на растението е што дури и зготвен, тој пак ќе ги зачува вредните својства, но значително ќе ја намалите количината на витамин Ц.




Коприва – Една од најпознатите и најкористените билки кај нас. Се јавува во рана пролет на сончеви заштитени и влажни места. Во својот минерален состав, копривата е многу блиску до спанаќот.Содржината на железо во неа е поголема отколку во другиот лиснат зеленчук.
Глуварче – Лековитото дејство се должи на горчливите материи содржани во растението. На почетокот на пролетта, свежите листови на растението се користат за подготовка на салата богата со витамини, која ќе направи да се чувствувате повеќе освежени.






