Со идеалната доза на чај, можете да го подобрите вашето здравје.




Лековитите својства на копривата се познати со векови, а во народната медицина се препорачува за болки во мускулите и зглобовите, како и за лекување на уринарни проблеми и ублажување на анемија.
Освен тоа, доколку се чувствувате изморени или исцрпени, овој чај е идеален за вас. Терапијата со чај од коприва трае еден месец, или четири недели, доколку сакате да ја победите анемијата.




Чајот се подготвува така што една кафена лажичка листови од коприва се натопува во 2 дл зовриена вода и се остава да отстои 5 минути.
Како се зема терапијата?
Чајот треба да се цеди и да се пие во голтки во текот на денот и тоа: првиот ден 1 шолја чај, вториот ден 2 шолји, третиот 3 шолји и така седум дена. После тоа, секој ден треба да пиете една шолја помалку чај од претходниот ден.




Повторете ја постапката и по тие месеци направете пауза од две недели, по што можете повторно да пиете по истиот распоред. Доколку малаксаноста исчезне, можете да продолжите со една шолја на ден следниот месец.


