Високиот холестерол може да биде поттик за многу болести, а еден пијалок помага да се намали и да се запрат штетните масти во крвта!




Високиот холестерол во крвта предизвикува проблеми со кардиоваскуларниот систем, што го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Природата е тука да ни даде различни лековити агенси, а научно е докажано дека еден пијалок може да го намали нивото на холестерол.
Ѓумбирот – корен кој се повеќе е застапен во здравата исхрана и народната медицина. Конзумирањето на ѓумбир има бројни здравствени придобивки: го подобрува варењето и цревната микрофлора, го забрзува метаболизмот и отстранувањето на токсините, а корисен е и за настинки, кашлица и грип, како и за превенција од срцеви заболувања.




Научници од Велика Британија спровеле студија во која учествувале 60 пациенти со висок холестерол во крвта. Секој од нив земал не повеќе од 5 грама ѓумбир секој ден, што резултирало со намалување на нивото на холестерол за 17%.
Докажано е дека ѓумбирот е подеднакво ефикасен, и во прав и во свежа форма. Во двата случаи, доволно е да се прелие со топла вода, но не треба да биде врела и зовриена. Оставете го да отстои и ќе добиете одличен напиток за намалување на холестеролот.




Истражувачите додадоа дека можете да добиете уште посилен ефект доколку се откажете од лошите навики во периодот на детоксикација со напиток од ѓумбир, додадете физичка активност и имате урамнотежена исхрана со што повеќе свежо овошје и зеленчук.
Во видеото подолу погледнете како да подготвите напиток од ѓумбир за слабеење!




@yummifoods0 Detox Drink For Healthy Weightloss#weightloss#diet#detox#fy#fit#viral


