Знаете дека не смеете да ги стискате мозолчињата бидејќи воспалението можете да го направите уште поголемо, а една област на лицето е особено чувствителна – инфекцијата преку крвта може да стигне до мозокот. Еве кој регион е најопасен и кое е најдоброто решение!




Знаете дека не треба да ги „стискате“ мозолчињата во домашна верзија, бидејќи освен што можете да предизвикате уште поголемо воспаление, голема е веројатноста да ви се направат лузни.
Лицето е особено чувствително бидејќи кожата на него е потенка и помека отколку на другите делови од телото. Ова е особено точно за еден регион, кој е особено чувствителен бидејќи се наоѓа во областа на синусите.




Тоа е предел во форма на триаголник и го поврзува носот со аглите на усните. Постои кавернозен синус, односно вена која носи крв директно до мозокот. Посебно е чувствителен бидејќи секоја инфекција што се јавува таму има големи шанси преку крвта да стигне до мозокот и да предизвика многу поголеми компликации.
Секоја отворена рана, дури и мала, претставува ризик за развој на многу поопасна инфекција – вели д-р Џошуа Цајхнер, специјалист за дерматологија во болницата Маунт Синај во Њујорк.




Најдобриот совет што можат да ви го дадат дерматолозите и козметичарите е да не ги допирате мозолчињата. Никакви шанси! Но, тоа веројатно нема да ве спречи, особено ако акните се на незгодно место и се големи.
Обидете се да го исушите со помош на гелови за таа намена или специјални премази кои се во форма на мали кружни „фластери“ кои се лепат над мозолчето, а содржат салицилна киселина.




Ако тоа не помогне, а не можете воопшто да го игнорирате, важно е добро да го исчистите лицето со средство за чистење. Измијте ги рацете и исчистете го делот под ноктот каде што се акумулира најмногу нечистотија и бактерии.
Потоа земете марамче или стапче за уво и истиснете го мозолчето со нив. Немојте директно со ноктите. Откако ќе завршите со „стискањето“, нанесете антибиотска маст за да спречите развој на инфекција.






