Ослободете се од задебелена кожа на петите. Задебелената и испукана кожа на петите е особено видлива во текот на летото, кога носиме отворени чевли.




Таквите стапала сигурно ќе го уништат целиот летен стајлинг. Наместо да одите на педикир, пробајте го овој трик со аспирин дома, за вашите стапала да изгледаат убаво во летни чевли.
Покрај аспиринот, ќе ви треба и сок од лимон. Прво, натопете ги нозете во топла вода, и по 20 минути, исушете ги добро со крпа.




Потоа сомелете неколку таблети аспирин така што ќе станат прав, потоа измешајте ги со малку млака вода и свежо исцеден сок од лимон. Истријте ги стапалата со оваа смеса, потоа ставете ги во кеси (по можност тие за замрзнување) и ставете чорапи.
Потоа почекајте 15 минути, па тргнете ги кесите од нозете и убаво намачкајте ги со крем за негување. Повторете ја оваа постапка во наредните пет до седум дена и ќе забележите како исчезнува старата задебелена кожа од петицата, а стапалата стануваат меки и мазни.






