Направете природни препарати за убавина врз основа на кисело млеко.




Познато е дека поради пробиотските култури, киселото млеко е одлично за лекување на дигестивни проблеми. Исто така, има позитивни ефекти врз подобрување на имунитетот и зајакнување на целиот организам.
Има способност да ги ублажува симптомите на ПМС, а ефикасен е и во борбата против несоницата. Сепак, можете да користите кисело млеко и за убавина, но на малку поинаков начин.




Киселото млеко е богато со млечна киселина, која се покажа како одлична состојка за хидратација, но и состојка која го стимулира формирањето на колаген, а со тоа ја подмладува кожата.
Наместо да купувате скапи креми, ви предлагаме да направите природни препарати базирани на кисело млеко.




Акни
Киселото млеко во комбинација со тиква, која го ублажува воспалението, е одличен лек за акни.
Треба да изматете 200 грама варена тиква со лажица кисело млеко. Нанесете ја смесата на лицето, оставете ја 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.




Брчки
За маската против брчки ќе ви требаат половина шолја кисело млеко, половина банана и една кафена лажичка свежо цеден сок од лимон.
Оваа маска ја храни и хидрира кожата, ги елиминира малите брчки и го подмладува изгледот на лицето. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.




Коса
Киселото млеко може да ја обнови оштетената коса бидејќи млечната киселина ја отстранува нечистотијата, додека млечните масти ја обезбедуваат потребната влага.
Еднаш на две недели, масирајте половина чаша кисело млеко на влажна коса и оставете да делува 20 минути. Исплакнете со топла вода, потоа ладна, а потоа измијте ја косата со шампон како и обично.






