Домашен шампон за коса која брзо се мрси – природен еликсир за чиста, сјајна и коса полна со волумен!




Косата која брзо се мрси е проблем со кој се соочуваат многу жени, особено ако имате тенка коса или ретка коса.
Секојдневното миење на косата не е решение, бидејќи тоа само ќе поттикне дополнително лачење на маснотии и може да го иритирате скалпот и дополнително да го нарушите квалитетот на косата.




Обидете се да ја намалите мрсноста на косата на природен начин со еден домашен шампон. Овој едноставен и евтин рецепт може да ја одржува вашата коса чиста подолго време, но и да го зголеми волуменот и растот.
Еве како да го направите: Во три децилитри вода ставете две шаки свежо нане и варете на тивок оган 20 минути.




После тоа, процедете ја течноста и измешајте ја со шампон. Ако не сакате да користите регенератор, користете сок од лимон.
Покрај овој шампон, против мрсна коса можете да нанесете и природен лосион од јаболков оцет. Измешајте две лажички јаболков оцет и малку сол во чаша вода.




Нанесете ја смесата од корен до врв по миењето и оставете да делува околу 15 до 20 минути. Исплакнете со млака вода за да се исуши, по можност природна.
Забелешка: Доколку имате чувствителен скалп, консултирајте се со дерматолог пред да користите природна козметика.






