Сите знаеме колку проблеми може да предизвика замрзнувањето. Улогата на замрзнувачот е да ја одржува храната здрава и безбедна за употреба.




Сепак, сигурно ви се случило некогаш да ви се одмрзне замрзнувачот, или поради краткотраен прекин на струја, дефект или некоја друга мистериозна причина.
Кога ќе дојде до одмрзнување, замрзнувачот е вистински рај за развој на бактерии, а на сите ни е познато првото правило за чување на храната во замрзнувач: Замрзнатата храна по вадењето од замрзнувачот се користи веднаш, нема враќање назад во него.




Но, како да знаете дали дошло до одмрзнување ако сте отсутни од дома неколку дена? Овој феномен често трае кратко и после тоа замрзнувачот ќе продолжи да ја лади веќе одмрзнатата храна и едноставно нема да знаете кога ќе се вратите дома дека храната што ја земате од замрзнувачот можеби повеќе не е безбедна.
Лесен начин да дознаете дали се случило одмрзнување
Еден колега на работа откри генијален трик кој ќе ја спречи оваа ситуација.




Како што ни објасни, секогаш кога отпатува некаде на ден, два или подолго, го применува следниот трик (всушност, ретко кога го вади својот „изум“ од замрзнувачот): Се што ви треба е чаша, вода и паричка.
Прво истурете вода во чаша и оставете ја да замрзне (најдобро е да користите пластична чаша). После тоа, извадете ја чашата од замрзнувачот и ставете ја паричката на нејзиниот замрзнат врв. Вратете се назад во замрзнувачот.




На тој начин, секогаш ќе знаете дали вашите намирници биле одмрзнувани. Ако видите дека паричката е поместена длабоко, време е да ја проверите храната.


