Алое вера има многу придобивки кога е во прашање здравјето, особено дерматолошкиот дел од здравјето и негата на кожата.




Придобивките од алое вера:
За почеток, алое вера може да се користи за отстранување на шминката и генерално чистење на лицето. Има антибактериски својства и затоа ја штити кожата од какви било алергии и ја чисти нечистотијата.




Делува како хидратантна крема и тонер, Алое вера е составена од 95 проценти вода и на тој начин ја хидрира вашата кожа без да биде премногу мрсна и леплива. Исто така има антиинфламаторни својства и затоа спречува бактерии и акни.
Тонер од алое вера
Гелот од алое вера може лесно да се измеша со вода и да се користи како тонер за хидратација на кожата во секое време. Гелот од алое вера има добри навлажнувачки својства и на тој начин прави да изгледате свежо и сјајно и покрај досадниот и напорен ден.




Гел од алое вера
Нанесувањето гел од алое вера веднаш по миењето на лицето, и пред спиење, може да биде корисно бидејќи има антивоспалителни својства и на тој начин и помага на вашата кожа да спречи појава на акни и алергии, како и да се регенерира во текот на ноќта.


