Колку долго руската салата може да остане во фрижидер, а сепак да биде безбедна за јадење? Еве го одговорот, а избегнувајте ја грешката која му го намалува рокот на траење!




Руската салата е кралица на секоја празнична трпеза, бидејќи лесно се подготвува, не заситува и состојките не се скапи. Но, сите знаеме како е кога веќе „трет ден“ јадеме руска салата со малку месо, или на парче леб…
Обично правиме премногу, па руска салата имаме во фрижидер со денови. Мора да бидете внимателни бидејќи оваа салата има релативно краток рок на траење.




Поради мајонезот, варените компири и месото што ги користевте – некои се направени со шунка, некои со пилешко и има посна руска салата – постои можност да се расипе. Па колку долго смее да стои руската салата?
Како прво, не ја оставајте на собна температура откако сите ќе се послужат, секогаш вратете ја во фрижидер. Многу луѓе грешат и го покриваат садот со руската салата само со фолија, што значи дека во тој сад можат да влезат микроорганизми од друга храна во фрижидерот.




Руската салата секогаш треба да се чува во фрижидер во сад кој добро се затвора, за да не може да навлезат воздух и микроорганизми во неа.
Ќе прочитате некаде дека рокот на траење е пет дена, но ве советуваме да ја чувате на температура од околу 4 Целзиусови степени и да ја јадете во рок од три дена, за да биде целосно безбедна и салатата да нема последици по вашето здравје.






