Желатинска маска против брчки – стар рецепт на актерката Софија Лорен за природен третман кој го забавува стареењето!




Софија Лорен, актерката која важи за една од најубавите жени на светот, на сите времиња, покажа дека и на 87 години можете да изгледате убаво кога стареете достоинствено и зрачите со дух на оптимизам и позитивна енергија.
Софија Лорен уште на рана возраст почнала да се грижи за својата кожа, а нејзиниот рецепт за маска за лице воодушевил многу жени.




Станува збор за комбинација од состојки кои можеби веќе ги имате во вашата кујна – тие ја затегнуваат кожата, го забавуваат стареењето и ве прават да останете подолго со млад изглед и да изгледате посвежо.
Маската против брчки на Софија Лорен многу лесно се подготвува, а еве што ви треба:




- желатин
- млеко
- маслиново масло
- мед
- суво бело вино
Начин на подготовка:




Разредете 1 лажичка желатин во 100 ml млеко. Добро измешајте. За подобро да се раствори желатинот, загрејте го млекото. Смесата се става во фрижидер 6 часа. По 6 часа, во смесата додадете една лажичка маслиново масло, мед и бело вино.
Добро измешајте за да се соединат сите состојки. Нанесете ја маската на исчистено лице 2 пати неделно, оставете ја да отстои околу 30 минути, а потоа нежно исплакнете со млака вода.




Користете ја маската 2 месеци, а потоа направете пауза од 2 месеци, за да можете повторно да ја користите за да спречите брчки.


