Рецепт за лековит напиток со куркума – полн е со антиоксиданси, ги намалува воспаленијата, вирусите и бактериите!




Еве како да го направите познатиот велнес еликсир џаму… Џаму е традиционален индонезиски лековит пијалок направен од корени, билки, цвеќиња, кора и зачини.
Една од неговите поедноставни верзии има се повеќе обожаватели меѓу виртуелната велнес заедница, бидејќи освен што е вкусна, има и антивоспалителни, антиоксидантни, антивирусни и антибактериски својства. Пробајте сами – еве го рецептот!




Потребни состојки:
- 1 шолја свежа куркума, исчистена и исечкана
- ½ шолја свеж ѓумбир, излупен и исечкан
- 4 чаши вода
- ½ чаша мед
- ¼ чаша свежо исцеден сок од 2-3 лимети
Начин на подготовка:




Во блендерот ставете ги куркумата, ѓумбирот и водата. Мешајте додека состојките не се изедначат. Истурете ја смесата во тенџере, па варете на средна температура.
Кога ќе зоврие, намалете ја топлината за пијалокот да се крчка нежно околу 15 минути. Тргнете го тенџерето од оган, а потоа напитокот зачинете го со мед и сок од лимета.




Измешајте и процедете низ сито. Истурете во тегла и чувајте го во фрижидер. Напитокот можете да го пиете топол, на собна температура или разладен со коцки мраз.


