Освен во верските обреди, темјанот уште од одамна е познат по своите лековити својства




Сите добро го знаеме тој карактеристичен мирис што се чувствува кога влегуваме во храм или манастир. Тоа е темјан што се користи во бројни црковни обреди. Меѓутоа, темјанот има и бројни лековити моќи кои се познати уште од античко време.
Тоа е всушност миризлива смола добиена од посебен вид дрво од родот Boswellia што расте во Азија и Африка. Се користи и за правење есенцијално масло.




Старите Египќани знаеле за тоа, користејќи го за процесот на балсамирање на телата на мртвитe. Некогаш бил исклучително вреден, се тргувал на ист начин како златото и среброто.
Лековити својства
На исток, во Ајурведата, се користи како средство за кадење дома, бидејќи е добро за здравјето на сите членови на домаќинството. Одамна е познат како моќен лек за артритис, против разни инфекции, за побрзо зараснување на раните, за рамнотежа на хормоните, за ублажување на напнатоста…




Благодарение на активните состојки како сесквитерпени, монотерпени, дитерпени и босвелински киселини, темјанот се користи против бројни воспалителни состојби..
На Блискиот Исток се џвака темјанот и на тој начин го одржува здравјето на забите и усната шуплина и спречува појава на инфекција.




Темјанот ја забрзува циркулацијата на крвта, а исто така го смирува нервниот систем, го забавува дишењето и ја враќа рамнотежата на телото. За таа цел, етеричното масло од темјан најчесто се користи за инхалации, масажи и бањи.
Темјан може да се најде во продавниците за здрава храна и во фитотерапевтските аптеки.






