Еве како да направите домашна крема за испукани пети и нега на стапала.




Кожата на стапалата често може да биде сува, а петите испукани. Ова може да се случи без оглед на видот на обувките што ги носите или сезоната. За да ја закрепнете кожата, треба редовно да се грижите за неа, што значи секоја вечер, а не кога ќе се сетите!
За подобар ефект, откако ќе нанесете хранлива крема или путер, облечете чорапи и преспијте. На тој начин хранливите состојки ќе имаат подобар ефект, а кремот нема да ја извалка постелнината.




Еве рецепт за домашна крема за стапала која можете да ја направите дома. Потребни ви се 3 состојки – кокосово масло и шеа путер познати по своите регенеративни својства.
Кокосовото масло е добро за користење во исхраната, но и за нега на кожата. Богато е со витамин Е, додека шеа путерот содржи витамини А и Е, ја навлажнува кожата и го спречува предвременото стареење.




Кожата брзо ги апсорбира. Исто така потребно е и масло од чајно дрво кое освен што има пријатен мирис, се бори и против вирусни, бактериски и габични инфекции.
Состојки:
- 150 гр кокосово масло
- 100 гр шеа путер
- 10 капки есенцијално масло од чајно дрво




Подготовка:
Кокосовото масло се топи на тивок оган, се додава шеа путерот и се намалува температурата. Сè убаво соединете, тргнете го од оган и оставете да се излади.
Потоа истурете ги есенцијалните масла, измешајте и ставете во стаклена тегла и затворете со капак. Да се чува на ладно место. Мачкајте по потреба.






