Магдоносот е еден од најстарите зачини во светот.




Се користи долго време, но не само како додаток на јадења, туку и како растение кое има многу здравствени придобивки. Маслото од семки од магдонос има антимикробна активност, ја забавува репродукцијата, но и убива одредени видови бактерии.
Се смета дека маслото од магдонос има уникатни придобивки без разлика дали имате нормална, комбинирана, чувствителна, сува или мрсна кожа. Тоа е природно решение за сува и иритирана кожа благодарение на неговите антивоспалителни и хидратантни својства.




Исто така, тоа е богато со линолова киселина, гама-линоленска киселина (GLA) и есенцијални масни киселини базирани на омега-6.
Овие киселини можат да помогнат во зајакнувањето на бариерата на кожата, да ја зачуваат водата во епидермисот, да спречат инфекции на кожата и да го регулираат производството на себум.




Покрај тоа, маслото од магданос има потенцијал да го изедначи тонот на кожата, како и да помогне со лузни од акни.


