Квасот од цвекло ќе ве воодушеви! Ви го пренесуваме оригиналниот руски рецепт – супер едноставен!




Цвеклото е многу здрав зеленчук, со многу важни хранливи материи и малку калории. Многу добро влијае на работата на дигестивниот систем и е одличмо за диета.
Доколку сакате од него да добиете моќен пробиотик, направете квас по традиционалниот рецепт што ви го даваме во продолжение. Квасот од цвекло е производ на ферментација и се произведува во Русија стотици години.




Често се прави само за освежување, наместо овошен сок, но се верува дека го намалува високиот крвен притисок и го чисти црниот дроб и крвните садови од маснотии.
Добро е за диета и луѓето со низок притисок не треба да го пијат. За подготовка е неопходен ржан леб, а дополнителните состојки може да варираат. Се користи зовриена, изладена вода.




Цвеклото треба да се излупи и исечка, да се стави во тегла, со повремено додавање шеќер (по една кафена лажичка по средно цвекло). Додадете парче ‘ржан леб и покријте го цвеклото со вода.
Покријте го отворот на теглата со парче газа и оставете го на собна температура. Мешајте двапати дневно и отстранете ја пената од површината. Седмиот ден се цеди и се прелива во стаклено шише и се остава во фрижидер.




За почеток, земете само две лажици пред јадење. По неколку дена, можете да ја удвоите дозата. Кога потрошите една тегла од еден килограм, направете пауза од три месеци.