Напиток за чистење на црниот дроб од една состојка – помага во зајакнување на метаболизмот, одличен за детоксикација!




Црниот дроб е најодговорниот орган за детоксикација на телото, па затоа е важно редовно да се „чисти“ црниот дроб од токсини. Здравата исхрана е неопходна за функционирање на имунолошкиот систем и на целиот организам.
Една храна е клучна за чистење на црниот дроб и одржување на неговото здравје – тоа е овес. Истражувањата покажуваат дека овесот го подобрува метаболизмот, поволно делува на варењето, го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта, што помага да се намали оптоварувањето на црниот дроб.




Користењето овес за детоксикација на црниот дроб нежно го чисти овој орган, го подобрува неговото функционирање и му помага побрзо да закрепне. За да го искористите благотворното дејство на оваа храна, важно е да знаете како правилно да го готвите овесот.
Постојат многу различни рецепти за овесни напитоци, кашички и јадења, а ние ви пренесуваме два кои се користат за чистење на црниот дроб.




1. рецепт: во тенџере ставете 100 гр добро измиен овес (со лушпата) и покријте со 1 литар вода. Ставете го на шпорет и почекајте водата да зоврие. После тоа, огнот треба да се намали и водата да се вари 20 минути.
Тргнете го од оган, затворете го садот со капак и оставете го да се излади, а потоа процедете ја добиената течност. Консумирајте околу 200 ml течност околу 3 до 4 пати на ден. Овој третман за детоксикација можете да го користите еден месец.




Втор рецепт: Во термос ставете 2 шолји овес и прелијте го со 1 литар врела вода. Производот треба да стои во термос 12 часа, по што мора да се филтрира. Земете 150 ml 3 пати на ден пред јадење (по желба можете да додадете малку мед или шеќер во напитокот).
Без разлика кој рецепт ќе го изберете, важно е да користите висококвалитетен и органски овес. Луѓето кои имаат проблеми со гастроинтестиналниот тракт или бубрезите треба да се консултираат со лекар пред да започнат со детоксикација од овес.






