Од калинката ништо не треба да се фрла бидејќи и нејзината кора е лековита.




Во античко време, на исток, калинката се сметала за кралско овошје кое лечи многу болести. Сокот од ова овошје позитивно делува на срцето и крвните садови, а од неговата кора може да се направи чај, кој е и лековит.
Се верува дека кората од калинка не треба да се фрла бидејќи го потиснува развојот на патогени кај луѓето. Покрај тоа, кората од калинка содржи многу корисни микроелементи.




Има антипаразитски, антиинфламаторни и антибактериски ефекти, а се бори и со разни инфекции и вируси.
Рецепт за чај од кора од калинка
Во сооднос 1:20 во тегла ставете сува кора од калинка и зовриена вода. Покријте со хартиена крпа и оставете да отстои половина час. Потоа процедете го чајот и испијте го.




Како да изберете квалитетна калинка?
Добра калинка е онаа која има сува кора и сочна содржина.
Лушпата од калинката не треба да биде мазна, може и малку да биде прилепена за семките, како да се исушила. Сепак, калинката мора да биде цврста на допир, но никако зелена.






