Во борбата против целулитот од голема помош се чаевите, односно лековитите билки. Еве кои се најефикасните и кога треба да се пијат за да се отстрани „кората од портокал“.




Иако на прв поглед изгледа само како естетски проблем, целулитот е всушност болест на сврзното ткиво. Затоа, не постои волшебно стапче кое ќе го отстрани преку ноќ, бидејќи не е создадено преку ноќ.
Станува збор за масни наслаги кои се складирани во ослабеното сврзно ткиво и на тој начин формирале „кора од портокал“. За тоа придонесува повеќечасовното седење, односно неактивноста, потоа лошата исхрана, претежно богата со шеќери и масти, но и генетска предиспозиција.




Можете да побарате помош во борбата против целулитот меѓу лековитите растенија. Чаевите кои се користат за оваа намена имаат диуретично и лаксативно дејство, го отстрануваат вишокот вода од телото и го забрзуваат излачувањето на метаболичките продукти, а со тоа и насобраните токсини.
Тие се пијат без шеќер. Сепак, со нив треба да се внимава, не смеат да се применуваат долго време. Задолжително консултирајте се со фитотерапевт.




Чај од свила од пченка
Овој чај е одличен диуретик, ја регулира работата на уринарниот тракт и мочниот меур. Пијте најмногу 3 шолји дневно, максимум 10 дена. После тоа, дефинитивно треба да направите пауза.
Потопете една лажичка сува пченкарна свила во врела вода, оставете 15 минути, а потоа процедете.




Чај од коприва
Ова растение не само што е добар диуретик, го чисти организмот, содржи многу железо, поради што се препорачува при анемија. Дејствува превентивно за развој на многу болести и се препорачува на сите, освен на оние кои имаат висок крвен притисок.
Една лажица суви листови од коприва прелијте со чаша врела вода. Оставете околу 15 минути, па процедете.




Чај од корен од глуварче
1 лажица корен од глуварче се додава во шолја зовриена вода и се остава да отстои околу 10 минути. Процедете и пијте 2-3 пати на ден.
Мешавини на чај
Во билните аптеки, можно е да се купат одредени мешавини од чај, од одбрани растенија, во различни пропорции. Обично содржат бреза, круша, жалфија, јаглика…




Сите овие активни состојки на лековитите билки го поттикнуваат излачувањето на течностите, циркулацијата и ја подобруваат еластичноста на сврзното ткиво.
За да го намалите целулитот, препорачливо е да внесете одредена физичка активност во вашата дневна рутина – брзо одење, трчање, пливање или специјално дизајнирани вежби за одреден дел од телото.




Ништо од ова нема да успее ако не ја намалите исхраната. Тоа значи што е можно помалку индустриски производи и вештачки шеќер и што е можно повеќе овошје, зеленчук и протеини.
Во видеото подолу погледнете како можете да направите ефикасен пилинг од кафе кој треба да го нанесувате секој пат кога ќе се туширате:




@flexwithfatu #secretrecipe #anticellulite #skincare #chocolatebody #bodycare #bodycareroutine #voiceeffects


