Времињата во кои живееме се такви – шминка, третмани за убавина, полнила, филтри на Инстаграм. Секој бара убавина и совршенство.
Но, дали тие млади девојки кои се подложуваат на сето ова се прашуваат како би изгледале за 10 години?
Па, денес нема да се занимаваме со последиците од користењето шминка, туку токму спротивното. Што ќе се случи ако престанеме да користиме декоративна козметика?
Кожата
Многу од производите што ги користиме содржат состојки кои ја штитат кожата од сончевите зраци. Ги има во основите за шминка, течните пудри, креми, па дури и во кармините. Ако престанеме да ги користиме, ќе мора да купиме производи за заштита од сонце, бидејќи нашата кожа ќе биде изложена на директна сончева светлина.
Изгледот
Истражување тврди дека шминката ги прави повозрасните жени да изгледаат помлади, но и помладите да изгледаат повозрасни. Покрај тоа, шминката се поврзува со зрелост, така што кога се шминкаме, имаме изглед на повозрасна личност отколку што навистина сме.
Удобноста
Секоја дама знае колку е непријатно кога има шминка на лицето, а температурите се високи. Потењето започнува, шминката се размачкува и денот може да и се расипе. Ако не се размачка, постојано ќе мислиме на тоа дали не е размачкана! Со чисто лице, овој проблем едноставно не постои. Ќе ни треба само едно мицеларно марамче, на пример, за да се освежиме за време на топлината.
Впечаток
Ненси Еткоф, професор на Медицинскиот факултет Харвард, тврди дека лицето без шминка изгледа посигурно од она со шминка. Затоа препорачува кога градиме познанства и нови односи со луѓе, да немаме никаква или да имаме минимална шминка. Просто тоа не прави да изгледаме попријателски насочени.
Финансискиот израз
Без разлика дали користите скапи или поевтини брендови на декоративна козметика, порите се затнуваат. И ако порите се затнати, потребно е постојано и длабоко чистење. Дури и процедури со козметичар или дерматолог. Ако не користиме шминка, и водата би била доволна за да го исчистиме лицето.