Лековитите билки можат да го решат и овој проблем. Доколку имате проблеми со хрчењето, обидете се да го решите природно со помош на три билки, чија комбинација е многу здрава и моќна.




Ќе ви биде потребно:
- камилица 20 грама
- жалфија 20 грама
- ајдучка трева 20 грама
Начин на подготовка:
Една лажица од смесата прелијте со 1/4 литар врела вода, поклопете и оставете да отстои 30 минути.
Начин на употреба:
Процедете го чајот и перете го грлото со оваа гаргара пред спиење, а последната голтка треба да ја испиете. Овој чај може да се користи и во текот на денот за тешки воспаленија на грлото, крајниците или мекото непце.




Доколку има воспаление на носната слузница и отежнато дишење, можете да ставите 2-3 капки од овој чај во секоја ноздра 3 пати на ден и навечер.


