Направете маска за сува кожа од банани и авокадо – помага во студените денови за испукана кожа и црвенило!




Сувата и чувствителна кожа често реагира со непријатно чувство на затегнатост и црвенило. Посебно е тешко да се толерира студениот и леден ветер, а особено негативно делуваат наглите промени на температурата кога замрзнати влегуваме во загреани простории или од нив излегуваме на студот.
Оваа маска ќе ја нахрани и хидрира сувата кожа, ќе и ја врати мекоста и ќе ја забрза нејзината регенерација. Направете одлична зимска маска од банана и авокадо.




За да може третманот да биде целосен, важно е да ја нахраните кожата одвнатре, искористете ја преостанатата половина од авокадото и бананата за да подготвите вкусно и здраво смути.
Состојки за маската за лице:




- 1/2 многу зрело авокадо
- 1/2 поголема банана
- 1 лажица мед
Начин на подготовка:
Авокадото и бананата изгмечете ги со вилушка во изедначено пире, па додајте го и измешајте го медот. Нанесете на чиста кожа и оставете десет минути. Исплакнете со млака вода.






