Кажете и „збогум“ на болната депилација. Нема ништо поубаво од негувана и мека кожа, но патот до таков резултат не е лесен.




Уште повеќе, често е болно, особено кога станува збор за депилација. Сепак, постои рецепт кој ќе ви помогне вашата кожа да биде мазна и влакната полека да растат. Тајната е во смесата од лушпа од орев.
Рецепт:
Она што треба да направите е да изпечете неколку лушпи од орев и да ги измелете во прав. Добиената количина треба да одговара на една лажица. Потоа, измешајте го овој прав со еден литар вода и оставете да отстои 24 часа.
Кога ќе заврши тој период, протресете ја течноста, земете памукче, потопете го во течноста и премачкајте ги деловите од телото од кои сакате да ги отстраните влакната.




Оваа постапка треба да се применува 3 пати на ден, додека не ги добиете посакуваните резултати.
Во зависност од јачината на влакната, некои жени ќе доживеат драстично истенчување, додека кај некои целосно ќе се отстранат.
ЗАБЕЛЕШКА: Пред да одлучите за овој тип на отстранување на влакна на телото, консултирајте се со вашиот дерматолог за да откриете дали вашиот тип кожа може да го толерира тоа.






