Можете да го затегнете телото со малку мака, барем на краток рок …




Со конзумирање на ѓумбир, ќе го забрзате метаболизмот, а со тоа и ќе изгубите вишок килограми. Сличен ефект има и облогата за тело со ѓумбир.
Состојки за подготовка на облогата:
- лажичка ѓумбир во прав или свежо рендан
- неколку лажици лосион за тело
- пластична фолија
- пешкир
- еластичен завој




Како функционира загреаната обвивка?
Натопете крпа во што е можно потопла вода и завиткајте го делот од телото каде што сакате да го ставите компресот од ѓумбир. Оставете неколку минути за да се прошират порите на телото.
Доколку е потребно, повторете го овој чекор уште еднаш. Измешајте ѓумбир и лосион за тело и нанесете подебел слој од оваа смеса на саканото место.




Потоа завиткајте го неколку пати со фолија. Ставете еластичен завој над фолијата. Не затегнувајте премногу. Поентата е да се чувствувате удобно.
Оставете го да делува најмалку четири часа, и ако не ви е проблем, цела ноќ. Можеби на почетокот ќе чувствувате пецкање. Не грижете се, бидејќи тоа е знак дека облогата работи.




Оваа облога е добра, бидејќи ѓумбирот ги намалува насобраните маснотии во телото. Резултатите се уште подобри ако сте упорни, јадете правилно и вежбате редовно.
Исто така, со додавање ѓумбир во секојдневната исхрана, ќе го зголемите ефектот на оваа облога и ќе изгубите уште повеќе сантиметри во половината.






