Откако ќе го третирате лицето со белка од јајце, вашата кожа ќе биде затегната, чиста и сјајна. Доколку ви снема креми кои вообичаено ги нанесувате на кожата на лицето, предлагаме да најдете алтернатива во една храна што ја чувате во фрижидер – јајце, поточно белка.




Белката содржи протеин што ја прави кожата еластична и ја затегнува, ја обновува и го поддржува растот на клетките. Исто така, содржи калиум, кој хидрира, а рибофлавинот ја чисти од токсини и ја отстранува нечистотијата, додека магнезиумот е одговорен за високиот сјај на кожата.
Белките најдобро делуваат на мрсна кожа, која е полна со себум и нечистотии.За почеток, добро измијте ја кожата на лицето, вратот и деколтето, а потоа нанесете ги изматените белки со четка на проблематичните делови на кожата.
Чистење на лицето од црни точки
Црни точки ја напаѓаат „Т -зоната“, затоа е потребно чистење со разни пилинзи, маски и други козметички третмани. Сепак, една белка може да ви заштеди време, како и пари, кога станува збор за борба против црни точки.




Намажете ги изматените белки по лицето, а потоа залепете парче салфетка преку кожата, правејќи маска. Потоа премачкајте ја салфетката уште еднаш.
Оставете да се исуши околу десет минути, а потоа отстранете ја салфетката од кожата. Додека ја повлекувате салфетката, ќе ги повлечете и црните точки, како и целата друга нечистотија.
Затегнување на кожата и сјаен тен
Ако сакате да ја затегнете кожата на најбрз начин, добро изматени белки од јајце може да ви помогнат, кои ќе ги нанесете преку лицето, вратот и деколтето.




Намажете ги белките да отстојат околу дваесет минути додека не почувствувате дека кожата се стега. Потоа исплакнете го со млака вода и кожата ќе биде поцврста, а тенот сјаен. Исто така, оваа едноставна маска може да ви помогне доколку имате проблем со мозолчиња.


