Пиењето вода со краставица носи неверојатни придобивки за организамот, велат научниците. Се верува дека ова е новиот супер пијалок, кој е многу лесен за подготовка.
За да го направите, потребни ви се два литра вода, краставица, нане и лимон. Исечете ја краставицата на тенки парчиња и ставете ја во сад со околу два литри вода. Додадете нане и парче лимон, а потоа оставете ја целата смеса во фрижидер преку ноќ.
После тоа може да се пие, без ограничување на количината што ја консумирате. Бидејќи краставицата содржи претежно вода, калоричната содржина на половина порција зеленчук е 10-12 калории.
Зеленчукот е богат со витамини, особено А и Ц, а исто така содржи минерали, вклучувајќи натриум, магнезиум, калиум, итн. Покрај тоа, краставицата е богата со сулфур и силициум, кои промовираат здрав раст на косата. Еве неколку други придобивки од пијалокот:
Супер пијалокот ќе ви помогне доколку следите диета – водата од краставица ќе го намали чувството на глад.
Хидратација – благодарение на краставицата вашето тело ќе биде подобро хидрирано, работата на кардиоваскуларниот систем ќе се подобри, и не и најмалку важно – телото ќе се исчисти од насобраните токсини.
Подобра кожа – ако го пиете пијалокот секој ден, вашата кожа исто така ќе се чувствува подобро. По некое време на консумирање на пијалокот, ќе забележите дека вашата кожа е помазна и еластична. Последно, но не и најмалку важно, краставицата е зеленчук кој содржи силикон диоксид – тој е суштинска компонента на сврзното ткиво.
Повеќе витамини и минерали – краставицата содржи витамини кои лесно се апсорбираат од телото. Има голема количина витамин Ц и А, исто така е зеленчук богат со растителни влакна.
Детоксикација – пијалокот е погоден за зајакнување на организамот за време на детоксикација.
Ќе го намалите крвниот притисок, а тоа го намалува ризикот од болести како што се мозочен удар, срцев удар, проблеми со бубрезите итн. Комбинацијата на калиум, магнезиум и натриум помага да се регулира крвниот притисок.


