КАКО ДА ГО ПОДОБРИТЕ КВАЛИТЕТОТ НА КОСАТА И ДА ПОТТИКНЕТЕ ПОБРЗ РАСТ: Овие 4 трикови треба да ги испроба секоја жена!

Нашата нега на коса зависи од видот и текстурата на косата. Сепак, овие совети за природна нега можат да им помогнат на сите да го подобрат квалитетот на косата и да го поттикнат нејзиниот раст!

Ако има нешто специфично за вашата коса или скалп, веројатно избирате посебна нега. Потенката коса обично бара лесни производи за одржување, додека премногу влага може да направи косата да изгледа мрсна и ретка.

Постојат порозни и непорозни типови на коса, како и многу други видови и потешкотии во зависност од дебелината на косата, густината на косата и нејзиниот квалитет.Можете да направите маски за побрз раст на косата, но испробајте ги и овие едноставни совети.

Еве неколку трикови за природно зајакнување и подобрување на квалитетот на косата:

1. Пилинг на скалпот за стимулирање на растот на косата
Пилингот на скалпот носи придобивки, како за скалпот, така и за самата коса.

Пилингот на скалпот ќе го стимулира растот на косата, ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата, нечистотијата, маслата и производите кои предизвикуваат иритација на кожата, а ќе ги отстрани и непријатните мириси. Чистиот скалп е исто така здрав скалп. Користете четки за пилинг со природни препарати како морска сол.

2. Третмани за здрава коса и скалп
Покрај пилинг, неделните или двонеделните третмани на скалпот исто така можат да бидат идеални за сите типови и текстури на коса.

Локалните третмани со производи збогатени со состојки како што е маслото од чајно дрво помагаат да се реши проблемот со сувиот скалп кој се лупи и чеша. Исто така, производите со екстракт од алги помагаат во навлажнување и заздравување на скалпот.

3. Неделна или двонеделна исхрана на косата
Можете да користите производи збогатени со витамини, витамин Б и алое за да ја одржите вашата коса здрава и негувана.

Длабокото хранење на косата со кокосово масло и други природни препарати ќе придонесе за зголемување на природниот сјај на косата, нивото на природна влажност и нејзиниот раст. Косата полесно ќе се чешла. Можете често да користите кокосово масло, без страв од штета.

4. Избегнувајте сулфати и парабени
Сулфатите и парабените се наоѓаат во бројните шампони, регенераторите, како и средствата за миење тело и другите производи за нега.

Без разлика на видот или структурата на косата, сулфатите и парабените можат да предизвикаат прекумерно сушење на косата и скалпот, што пак може да доведе до иритација, пукање на косата и проблеми со сувата кожа на главата, како и првут. Проверете ги состојките на сите производи што ги користите за да ги спречите овие проблеми.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...