Дали знаевте дека сокот од кромид всушност делува како природен „лек“ против опаѓање на косата, или алопеција? Да, оваа едноставна подготовка им помогна на учесниците во една студија, дури 70 проценти од нив, да го забрзаат растот на косата.




Бонусот е што подготовката е ефтина, бидејќи килограм од оваа намирница чини околу 20 денари. А колку е ефикасна во овој проблем покажува и фактот дека кромидот обично се става во шампони и лосиони против опаѓање на косата.
Учесниците нанесуваа сок од кромид двапати дневно во текот на два месеци, а по две недели од третманот, таа веќе почна да расте. Интересно е и тоа што мажите постигнале поголем успех во лекувањето отколку жените.
Како да направите сок од кромид?
Излупете го кромидот и исечете го на помали парчиња. Исцедете го сокот користејќи кој било процесор за храна – блендер, соковник … Масирајте го сокот во скалпот или покријте ја главата со кесе, а потоа завиткајте во крпа.




Оставете да делува најмалку 15 минути или подолго, а потоа исплакнете со благ шампон. Повторете го третманот со сок од кромид секој ден.На овој начин ќе спречите опаѓањето на косата.
Пробајте го рецептот за забрзан раст на косата, кој исто така се базира на кромид:
Измешајте една четвртина чаша сок од кромид со 1 лажица мед (двојно поголема количина ако е потребна повеќе мешавина). Нанесете ја добиената паста на скалпот и оставете да делува најмалку 30 минути.
Може да ставите капа за туширање и да ја оставите пастата преку ноќ, а потоа исплакнете со благ шампон. Ова е природен третман, затоа мора да бидете трпеливи за да ги видите резултатите.




Користете го секојдневно (или барем три пати неделно) во наредните три месеци и ќе видите резултати – вашата коса ќе биде побујна, и ќе го врати својот сјај.
Меѓутоа, ако ова ви е првпат да нанесете сок од кромид на скалпот и косата, има еден улов. Има луѓе кои се алергични на оваа храна, па би било добро прво да ја пробате на мала површина на кожата.


