Како да ја затегнете кожата на лицето на природен начин – направете ја оваа маска од банана и желатин! Нашите баби и прабаби користеа разни природни состојки и средства кои веќе ги имаат во кујнскиот шкаф за нега на кожата.




Постојат различни комбинации на овошје, зеленчук и билки кои можете да ги користите за лекување на кожата на лицето, против брчки, акни, црвенило или за сува или мрсна кожа.
Ви пренесуваме стар рецепт за затегнување на лицето, а најважна е една состојка која многу жени ја имаат во кујната. Се работи за желатин.




Оваа супстанца се користи во многу козметички производи бидејќи дава ефект на затегнување и го подобрува нивото на протеини и амино киселини во кожата.
Домашните маски на база на желатин можат да помогнат да се намалат брчките, да се омекне кожата и да се стимулира циркулацијата на крвта во кожата. Ви го пренесуваме наједноставниот рецепт за маска со желатин што може благотворно да делува на вашата кожа:




Состојки:
- 2 лажици топла зовриена вода
- 1 лажичка желатин во прав
- 2 лажици испасирани банани
Постапка:
Изгмечете ја бананата за целосно да се испасира. Додадете го желатинот во врелата вода и оставете го да отстои неколку минути додека желатинот не набабри. Потоа измешајте со испасираната банана. Оставете ја смесата целосно да се излади.




Нанесете на исчистено лице и оставете околу 30 минути, а потоа нежно исплакнете со топла вода. Доколку ви останала смесата, можете да ја чувате во фрижидер до 3 дена. Кожата треба да стане позатегната, помазна, а тенот поубав.
Напомена: Доколку имате проблематична кожа, консултирајте се со дерматолог пред да ја користите маската.






