Прекрасно растение за регулирање на хормоните, расположението и општото здравје… Природата ни дава безброј подароци, а еден од нив е и познатата Перуанска Мака.




Перуанската мака, златната мака или мака е туберозно растение кое расте на висорамнините на Андите, а неговиот изглед наликува на ротквица.
Според бројни истражувања, овој прав од ова растение, кој се користи во исхраната или како природен додаток, има бројни здравствени придобивки. Затоа маката ја нарекуваат и „перуанско чудо“.
Се користела и во исхраната на древните цивилизации на Андите, а најмногу била застапена во исхраната на Инките. Се верувало дека ова растение го создала божицата на Инките Пачамама, мајката на земјата.




Маката содржи јаглехидрати, протеини, влакна и само 2 проценти масти од целиот состав. Многу е богата со есенцијални амино киселини, содржи витамини од групата Б, Ц и А, а богата е и со минерали како што се калциум, калиум, магнезиум, цинк и железо.
Поради својот исклучително здрав состав, кој вклучува четири алкалоиди наречени макаиди и макаени, ова растение е едно од најздравите адаптогени.
Маката во прав, со различни бои (жолта, црвена, црна) најчесто се користи за медицински цели.Како адаптогено растение, маката ја зајакнува отпорноста на организмот на стрес, но е одличен природен сојузник во регулација на хормоните и ублажување на тежината при ПМС и менопауза.




Маката позитивно влијае на одржување на здравјето на ендокриниот систем. Ја крева енергијата, позитивно влијае на расположението и го намалува ризикот од нервоза предизвикана од хормонални промени.
Прашокот од златна мака најчесто се конзумира еднаш дневно, од 2 до 3 g или една рамна кафена лажичка. Во договор со стручно лице, дозата на прав може да се прилагоди на потребите на вашето тело. Маката во прав можете да ја додадете во смути и цедени сокови.
Маката треба да се избегнува за време на бременост, за време на доењето, доколку имате одредени заболувања на црниот дроб, жолчката или страдате од висок крвен притисок.




Напомена: При употреба на маката за медицински цели, задолжително консултирајте се со лекар.


