Цвеклото е познато и како суперхрана бидејќи е исклучително нутритивно богато. Сепак, малкумина знаат колку е здраво да се јадат листовите од цвеклото – еве 3 добри причини …




Знаеме колку е важно да јадеме свеж зеленчук, но често забораваме на тоа кога сме опиени од вкусовите и мирисите на брзата храна. Ако сакате да бидете поздрави, да се чувствувате полни со енергија, тогаш треба да го збогатите вашето мени со храна која обезбедува важни хранливи материи.
Клучот е во разновидноста, што значи што повеќе бои во чинијата и сирова храна. Цвеклото одамна е познато како ризница на витамини, но обично мислиме на неговиот корен. А што е со лисјата? Иако многумина не знаат, неговите листови се јадливи и многу здрави.
Богати се со витамин А
Една порција листови од цвекло, околу 38 грама, обезбедува речиси половина од препорачаната дневна доза на витамин А. Тој е антиоксиданс растворлив во масти и е важен за репродуктивниот и имунолошкиот систем, како и за здрава, сјајна кожа.




Има големи количини на витамин Ц
Познато е дека витаминот Ц помага во зајакнувањето на имунитетот потребен за борба против грип и настинка. Зелениот дел од цвеклото содржи голема количина на овој витамин, па затоа е особено важно да се јаде во текот на зимата.
Богат е со полифеноли
Полифенолите содржат антиоксидантни својства кои можат да помогнат во намалување и спречување на разни воспаленија во телото. Полифенолите може да се најдат во зелениот дел на цвеклото како и во коренот.
Како да ги консумирате листовите од цвеклото
Многумина грешат и се скептични за листовите од цвекло, однапред очекувајќи дека тие воопшто не се вкусни. Сепак, точно е дека имаат малку сладок вкус и можат да се јадат како и секој друг зелен зеленчук.




Од свежи листови цвекло можете да направите салата и да ја зачинете по ваш вкус. Бидејќи имаат сладок вкус, можете да ги додадете во смути од овошје или зеленчук и на тој начин да го збогатите вашиот оброк нутритивно.
Ако сакате песто, половина од листовите босилек заменете ги со листови цвекло и заедно со останатите состојки ставете ги во блендер. Листовите од цвекло може да се варат накратко и да се послужат како прилог со месо или риба или да се зготват заедно со друг зеленчук приготвен во манџа или оживувачка супа.


