За силен имунитет, особено во студените месеци, на прво место е разновидна исхрана богата со витамини и минерали. Еве кои витамини се најважни за зајакнување на организмот во текот на зимата.




За време на студените зимски месеци, нашиот имунитет често е ослабен, па затоа сме поподложни на многу сезонски инфекции. Затоа е важно да се обидете да јадете што е можно поразновидна храна, а особено важни се два витамини и еден минерал:
Погрижете се да јадете што повеќе протеини и храна богата со витамин Д во текот на зимата.Овој витамин е од суштинско значење за да го регулираме имунолошкиот систем, за раст и развој, за здрави коски и многу други процеси во нашето тело.




Со оглед на тоа што нашата кожа го произведува под влијание на сонцето, а во зимските месеци го нема доволно, мора да ја зајакнеме исхраната со храна богата со витамин Д. Тоа се мрсна риба како лосос, харинга, сардина, туна.
Освен во рибата, витаминот Д го има и во јајцата, збогатено млеко, говедско и телешки црн дроб. Доколку сеуште ја немате оптималната доза на овој витамин во крвта која може да се провери со анализа, консултирајте се со доктор за изборот на суплементација.




Зголемете го внесот на витамин Ц со цел дополнително да го зајакнете вашиот одбранбен систем и да овозможите апсорпција на железо. Еден од начините е да се зголеми внесот на витамин Ц. Најмногу го има во цитрусното овошје (лимон, портокал, грејпфрут), киви, бобинки, брокула, карфиол, пиперки, зелка…
Обидете се да ги јадете овие намирници колку што е можно свежи, директно по купувањето и да ги загреете што е можно помалку за да изгубите што помалку од овој скапоцен витамин. Еден портокал, на пример, ќе ви обезбеди околу 60 отсто од дневните потреби за витамин Ц.




Покрај витаминот Ц важна улога игра и минералот Цинк. Најмногу го има во црвеното месо, јајцата, млекото, неглазираните житарки, пченични никулци, спанаќот, мешунките, остригите, тиквата, ленот и семките од сончоглед, бадемите, оревите… На пример, 100 гр говедско месо ќе ви обезбеди 50% од дневните потреби за цинк.


