Направете природен лек од мед и кромид за зајакнување на имунитетот во сезоната на вируси, грип и настинки! Рецепт кој ќе ви одземе помалку од 5 минути…




Медот има антибактериски и антигабични својства, а со векови се користи за зајакнување на имунитетот и отпорноста на организмот. Тој е исто така еден од најдобрите природни лекови кога станува збор за респираторни инфекции и заболувања.
Во комбинација со кромидот, кој содржи бројни антиоксиданси, витамини и минерали, оваа смеса е природен начин за зајакнување на имунитетот и намалување на ризикот од воспалителни процеси во организмот.




Друга корисна состојка во оваа смеса е ѓумбирот – корен кој се користи во превенција и третман на разни болести: го зајакнува имунолошкиот систем, го штити организмот од слободните радикали и оксидативниот стрес, помага при мачнина и има антиинфламаторни својства.
Ви предлагаме рецепт за мешавина од мед, кромид и ѓумбир – стар природен лек за отпорност на организмот и заштита од вируси, настинки и грип.




Подготовка:
Излупете, изчистете и изрендајте две средни глави кромид. Измијте го органскиот лимон и исечете го на мали парчиња заедно со кората. Мал корен од ѓумбир (околку 30 грама) излупете и изрендајте на крупно. Ставете сè во стаклен сад, додадете 1/2 лажичка мелено каранфилче и 100 гр мед и добро измешајте.
Покријте и оставете ја смесата да отстои преку ноќ во фрижидер. За настинки и проблеми со кашлица, земајте по 1 лажица од смесата секое утро. Забелешка: Пред употреба на лекот, консултирајте се со вашиот лекар!






