Испуканите пети се веројатно една од најлошите работи и може да биде многу непријатно за вашите нозе.




Кремите, пилинзите, триењето со камен и други трикови често бараат многу напор, упорност и пари, а се случува да не дадат никаков резултат.
Затоа најдобро решение е да се свртите кон она што веќе го имате во куќата – а тоа е лимон! За почеток, одберете лимон доволно голем за да ви ја покрие петата, а потоа исцедете го.




Направете лимонада од добиениот сок, и ќе ви треба кората за да ја поправите петицата. Обидете се да го исцедите целиот сок, но нека внатрешноста остане влажна.
Ставете ги половините од лимонот на петиците, така што тие целосно да ги покриваат. На почетокот ќе се чувствувате малку чудно, но наскоро ќе се навикнете.






